МИА, 16.08.2010

 

Колумбискиот патнички авион слетувал во услови на бура кога бил погоден од гром. Се урнал во близина на пистата. Еден човек загина, а 127 се повредени. Боингот 737, се обидувал принудно да слета на карипскиот остров Сан Андрес, во Карипското море. Според информациите на полицијата голем број од патниците се борат за живот, нивните најблиски со нетрпение очекуваат нови информации.„Мојата сестра успеа да разговара со татко ми и јас успеав да разговарам со неа. Пред неколку минути таа ми рече дека е во ред и дека е пренесена во болница, заедно со нејзиниот сопруг. Сега останува да чекаме вести за нивната здравствена состојба“, вели Милтон Бонила.Авионот и припаѓал на локалната колумбиска авиокомпанија „Аирес“. Полетал од Богота, а се урнал во близина на брегот на Никарагва, на колумбиски остров во Карипското море. Во несреќата се расцепил на три дела. Властите велат дека е вистинско чудо што при падот има само една жртва.