МИА, 16.08.2010

 

Анкара, 15 август 2010 (MИА) – Пожар во шумската област крај Кумлуџа, во округот Анталија во Јужна Турција, е совладан денеска, откако во борбата со огнот учествувале 15 противпожарни возила, четири хеликоптери и два авиони. Во пожарот биле зафатени два хектари шумска површина. Турските пожарникари изгаснале и шумски пожар на островот Хејбели крај Истанбул. Пожарот исто така опфатил површина од околу 500 метри квадратни во шумска област во близина до православната семинарија на островот, која беше затворена во 1971 година. нд/18:46