МИА, 25.08.2010

 

Атина, 25 август 2010 (МИА) – Пожар од Албанија се пренел и на грчка територија во реонот на градот Јанина, западна Грција и брзо се распространил во тешко достапен планински реон, јави АНА-МПА. Во гаснењето на пожарот учествуваат четири авиони и еден хеликоптер како и голем број пожарникари. Засега не се загрозени населени реони. зш/7:40