МИА, 25.08.2010

 

Пекинг, 24 август 2010 (МИА) – Авион со 96 патници и членови на екипажот денеска се урна во Јичун, во североисточниот дел на Кина, соопштија кинеските медиуми повикувајќи се на извори во Владата и авиокомпанијата. Засега најмалку 47 лица кои патувале со авионот се спасени, објавија западните медиуми. Авионот се урна во провинцијата Хејлонгџианг, а на нестото на несреќата пристигнуваат екипи на итна медицинска помош и спасувачи. Леталото, кое се урна околу еден час по полетувањето од главниот град на провинцијата Харбина, му припаѓа на авиокомпанијата „Хенан ерлајнз“. гс/18:39 ###