Канада пресретна два руски бомбардера
Сител, 26.08.2010
Канадски воени авиони пресретнале над Арктикот два руски бомбардера кои се приближувале до воздушниот простор на Канада, соопштија од Кабинетот на канадскиот премиер Стивен Харпер. Директорот задолжен за комуникации од Кабинетот, Димитри Судас изјави дека канадски воени авиони вчера во меѓународниот воздушен простор пресретнале руски стратешки авиони ТУ-95. Според него, бомбардерите летале 50 км. од канадска територија. – Благодарение на брзата реакција на канадските сили, руските авиони ниту во еден момент не влегоа во канадскиот воздушен простор, изјави Судас. Канада ги поврзува неодамнешните руски прелети во областа на Арктикот со новите можности за експлоатација на нафта, гас и минерали што се отвораат на Арктикот поради топењето на глечерите. Руски бомбардери и порано се пресретнувани недалеку од Арктикот, а Москва тврди дека авионите не го повредиле канадскиот воздушен простор и оти канадските власти биле известени за летовите. Повеќе информации во врска со опциите за форматирање
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк