Патниците бегале низ пукнатини на авионот
Дневник, 26.08.2010
Кинески авион се урна при слетување, се расцепи и се запали, при што загинаа 42 од 96-те луѓе во леталото.Пилотот погрешно го проценил приодот кон пистата на аеродромот во Јичун, во северозападната провинција Хеилонгѓијанг, поради што авионот удрил во пистата со задниот дел од трупот, се преполовил и пламнал. Кабината брзо се исполнила со чад, а патниците имале тешкотии да стигнат до вратите и да ги отворат.- Кога се спушти задниот дел, почувствував силен потрес, а потоа авионот почна да се распарчува. Се обидов да излезам, но немаше пат ни напред ни назад. Тогаш видовме пукнатина во трупот и истрчавме низ неа – раскажа еден од преживеаните патници.Повеќето од повредените имаат скршеници или изгореници. Меѓу повредените е и пилотот, но тој се’ уште не може да комуницира поради сериозните повреди на лицето. Авионот од бразилско производство „ембраер 190“ летнал од провинцискиот главен град Харбин со 91 патник, меѓу кои и пет деца, како и со петмина членови на екипажот. Според непотврдени информации на магазинот „Цаиѓинг“, малиот аеродром близу шума во Јичун, отворен лани, немал добро осветление и ноќните слетувања биле во принцип забранети. – Кога погледнав низ прозорецот, не можев да видам ништо. Воопшто немаше светла. Набрзо потоа авионот силно потскокна на земјата и се расцепи на два дела – изјави за новинската агенција Синхуа повредениот патник Сје Силаи.Но, обласниот партиски шеф Сју Џаоѓун изјави дека пилотите јавиле оти ги гледаат светилките на пистата и побарале нормална процедура за слетување.Западни медиуми јавија дека обидот за слетување бил извршен во услови на пороен дожд, како и дека аеродромот бил покриен со густа магла.Последната голема авионска трагедија во Кина се случи во 2004 година, кога авион се урна во смрзнато езеро во провинцијата Внатрешна Монголија, веднаш по летнувањето. Загинаа 50 патници. #
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк