МИА, 26.08.2010

 

Пекинг, 25 август 2010 (МИА) – Пилотот на патничкиот авион што се урна вчера во Кина ја преживеа несреќата, објави електронското издание на весникот „Чајна дејли“. Пилотот во моментот се наоѓа во болница. Тој разбира што му се зборува но не може да комуницира поради сериозните повреди на лицето. Најмалку 42 лица загинаа вчера при уривањето на патничкиот авион во кој се наоѓаа 96 патници и членови на екипажот, откако леталото излета од пистата и се запали во градот Јичун во северноисточната кинеска провинција Хејлонгџианг. Во несреќата повредени се 49 патници, кои веднаш се префрлени во болница со изгореници по телата или фрактури. нд/12:10