МИА, 26.08.2010

 

Белград, 25 август 2010 (МИА) – Генералниот директор на „ЈАТ ервејз“ Срѓан Радовановиќ денеска најави дека српскиот авиопревозник од 31 октомври, кога почнува зимскиот ред на летање, ќе воспостави партнерски однос и ќе ја здружи својата флота со црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерланјс“, што ќе им овозможи да го зголемат бројот на дестинации на кои ќе се лета од Белград, Ниш, Подгорица и Тиват, како и да се добијат пониски цени на авиобилетите. На прес конференција во Белград Радовановиќ изјави дека српската и црногорската компанија имаат вкупно 22 авиони, од што „ЈАТ“ има 14, а „Монтенегро ерлајнс“ – осум, како и тоа дека двете компании постигнале договор да не ги преклопуваат дестинациите, за да обезбедат поголем број расположливи авиони за нови дестинации. Тој изјави дека ова ќе им овозможи големи заштеди во гориво, како и заштеди при плаќањаат на такси за прелети, па од тие причини ќе дојде и до намалување на цената на билетите. Радовановиќ истакна дека ваквата соработка меѓу „ЈАТ“ и „Монтенегро ерлајнс“, што вчера беше договорена во Подгорица, претставува зачеток на регионалната воздухопловна алијанса и дека сите авиокомпании од регионот, што имаат „ комплементарни флоти“, се повикани да пристапат кон оваа алијанса. сд/16:39