МИА , 27.08.2010

 

Талин, 26 август 2010 (МИА) – Полски товарен авион доцна синоќа принудно слета на аеродромот во Талин откако откажал системот за спуштање на тркалата, соопшти денеска естонската аеродромска служба. Во инцидентот никој не е повреден од четиричлениот екипаж на двомоторниот авион Антонов-26. Поради принудното слетување на Антонов-26 аеродромот во Талин бил затворен неколку часа. ми/15:04