МИА, 27.08.2010

 

Истанбул, 26 август 2010 (МИА) – Ирански патнички авион кој сообраќал Техеран – Стокхолм принудно слета во Истанбул поради технички проблеми. Тоа се случи само еден час откако ирански авион кој летал за Дизелдорф, со 209 патници, принудно слета во Истанбул. Пилотот на авионот Ербас А300 побарал принудно да слета на аеродромот „Ататурк“ откако му откажал десниот мотор. И во двата случаи нема повредени луѓе. ми/15:24