Авион на НАТО превезува 100 тони хуманитарна помош за Пакистан
МИА, 28.08.2010
Брисел, 27 август 2010 (МИА) – Транспортниот авион „Антонов 124“ вечерва од Лајпциг ќе полета за Пакистан со цел да превезе 100 тони хуманитарна помош за земјата, која беше погодена од катастрофални поплави. Помошта се состои од генератори и резервоари за свежа вода, донирани од Германија, како и детска храна која е обезбедена од хуманитарните организации. Учеството на авионот е дел од придонесот на Германија во рамки на подготвеноста што ја изрази НАТО да обезбеди воздушни средства за транспорт на хуманитарната помош за Пакистан. НАТО соопшти дека до крајот на семицата авион од силите за рано воздушно предупредување ќе полета од Германија со цел да транспортира дополнителни 16 тони хуманитарна помош за Пакистан. НАТО и во изминатиот месец се ангажира да обезбеди воздушен транспорт за пренесување на хуманитарна помош за настраданите во големите поплави во Пакистан. аа/ац/18:22
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк