Бритиш Ервејз се извини за „страшната“ порака емитувана во авионот на летот за Хонг Конг
МИА, 28.08.2010
Лондон, 27 август 2010 (МИА) – Британската авиокомпанија “Бритиш Ервејз” денеска се извини за инцидентот со “страшната” лажна порака емитувана во нејзиниот авион Боинг 747 на летот меѓу Лондон и Хонг Конг, што предизвика паника меѓу патниците, јави дописникот на МИА од Лондон. Во објаснувањето се вели дека дошло до автоматско емитување на пораката во кабината на авионот, по грешка на компјутерот во леталото. “Бритиш Ервејз” ги уверува сите дека немало никакви проблеми во текот на летот до Хонг Конг, поради кои авионот морал присилно да слета. Инцидентот се случил изминатата седмица, кога на половина пат, патниците наеднаш преку разгласната мрежа во авионот биле известени дека треба да се подготват за присилно слетување во вода. Настанала паника меѓу патниците, иако екипажот на авионот веднаш ги известил дека пораката што ја слушаат не е точна и дека нема никакви проблеми со авионот. Ситуацијата во авионската кабина се смирила дури откако патниците забележале дека летот продолжува и дека ништо вонредно не се случува. ти/аа/16:21
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк