МИА, 28.08.2010

 

Атина, 26 август 2010 (МИА) – Два грчки воени авиони Ф-16 се судрија денеска во воздушниот простор југозападно од Островот Крит. И двата авиони се од составот на 340-та ескадрила од воената база на НАТО во градчето Суда на Крит. Инцидентот се случил за време на воена вежба. Еден од авионите бил управуван од двајца пилоти, а додека во другиот имал само еден пилот. – Спасувачките екипи пронајдоа двајца од пилотите, живи и без посериозни повреди, соопшти Генералштабот на грчките воени поморски сили. Пилотите се пронајдени во водите на Егејското Море, а продолжува потрагата по третиот пилот. аа/ми/15:18