ЈАТ и „Монтенегро ерлајнс“ ќе ги здружуваат флотите
МИА, 29.08.2010
Генералниот директор на „ЈАТ ервејс“, Срѓан Радовановиќ, најави дека српскиот авиопревозник од 31 октомври, кога почнува зимскиот ред на летање, ќе воспостави партнерски однос и ќе ја здружи својата флота со црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерланјс“, што ќе им овозможи да го зголемат бројот на дестинациите на кои ќе се лета од Белград, Ниш, Подгорица и од Тиват, како и да се добијат пониски цени на авиобилетите.На прес-конференција во Белград, Радовановиќ изјави дека српската и црногорската компанија имаат вкупно 22 авиони, од што ЈАТ има 14, а „Монтенегро ерлајнс“ – осум, како и тоа дека двете компании постигнале договор да не ги преклопуваат дестинациите, за да обезбедат поголем број расположливи авиони за нови дестинации.Тој изјави дека ова ќе им овозможи големи заштеди во гориво, како и заштеди при плаќањата такси за прелети, па од тие причини ќе се намали цената на билетите.Радовановиќ истакна дека ваквата соработка меѓу ЈАТ и „Монтенегро ерлајнс“, која вчера беше договорена во Подгорица, претставува зачеток на регионалната воздухопловна алијанса и дека сите авиокомпании од регионот, што имаат „комплементарни флоти“, се повикани да пристапат кон оваа алијанса. #
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк