Зголемени прелетите над Македонија во јули за осум проценти
МИА, 31.08.2010
Скопје, 31 август 2010 (МИА) – Македонската контрола на летање М-НАВ минатиот месец регистрира зголемен број на наплатни единици од прелетите над Македонија за осум проценти во однос на истиот период лани. Зголемувањето е за 2,6 проценти поголемо и од европскиот просек кој за јули е 5,4 проценти, соопшти М-НАВ врз основа на податоците на Централното биро за наплата на Еуроконтрол. Македонскиот воздушен простор во јули го прелетале 15.613 воздухоплови што е најголема бројка досега за тој месец јули со просек од 503 прелети дневно. Рекорден ден е саботата, на 31 јули, кога Македонија ја прелетале 613 авиони. Вкупниот број на комерцијални воздухопловни операции, влучувајќи ги и слетувањата и полетувањата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и охридскиот „Свети Апостол Павле“, во јули изнесува 16.917. – Бројот од 25.234 реализирани наплатни единици од прелетите, е највисок остварен досега на месечно ниво, а јулските осум проценти претставуваат најголемо процентуално зголемување на месечно ниво по тоа во април минатата година кога зголемувањето на бројот на наплатни единици изнесуваше 11,4 проценти, с евели во соопштението од М-НАВ, според чии статистики бројот на операции на домашните аеродроми е зголемен за 3,2 проценти. М-НАВ укажува дека по зголемувањето од 6,2 проценти за јуни годинава, во јули продолжува трендот на стабилизирање на воздушниот сообраќај во Југоисточна Европа, по кризата предизвикана од рецесијата и облакот од вулканската прашина во април и мај годинава. Прогнозите се дека трендот на зголемување ќе се задржи на годишно ниво, со исклучок на август во кој се регистрирани помал број летови кон грчките дестинации, најверојатно како последица на намалување на интересот на големите туроператори по неодамнешните случувања кај јужниот сосед. – Сите човечки и технички ресурси во М-НАВ работат со максимален капацитет и најпрофесионално ги извршуваат сите оперативни работни задачи во текот на целата летна сезона, при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност во услугите за воздухопловна навигација континуирано се одржуваат на највисоко ниво, се вели во соопштението.лв/скс/12:57
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк