Лондон и Париз се договараат заеднички да ги употребуваат своите носачи на авиони за да се заштедат пари
МИА , 31.08.2010
Лондон, 31 август 2010 (МИА) – Носачите на авиони на воените морнарици на Велика Британија и на Франција наскоро би можеле да се „интегрираат“ и заеднички да патролираат извршувајќи ги своите безбеднсни мисии за двете земји, како мерка за намалување на воените трошоци и за штедење на министерствата за одбрана на двете соседни земји, јави дописникот на МИА од Лондон. Ваквиот анганжман што заеднички го подготвуваат Лондон и Париз, се очекува да биде промовиран во ноември за време на средбата меѓу британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Никола Саркози. Велика Британија има два носачи на авиони, додека Франција само еден. Практичната примена на овој договор би почнала набргу потоа, на тој начин што еден од вкупно трите носачи на авиони што ги имаат двете земји, постојано би бил во должност на отворено море работејќи во истовреме за заштита на британските и на француските интереси. Во Лондон се истакнува дека станува збор за „план без преседан“ во армијата и во односите меѓу двете земји, иако тие се сојузници и членуваат заеднички во НАТО. Но, за „Тајмс“, ваквиот аранжман на коалиционата Влада на Камерон е „контроверзна мерка“. Според весникот, без разлика што аранжманот покажува како армиските сили може да се прилагодат на времето на штедење и кратење на буџетските трошоци, тој е серизона закана за повеќе илјади вработени во британските бродоградилишта, особено што веќе се почнати работите на изградабата на два нови британски носачи на авиони, договорени во време на претхдната лабуристичка Влада, што треба да го чинат буџетот 5,2 милијарди фунти. По промовирањето на планот за заедничка употреба на носачите на авиони со Франција, изградбата на британските бродови или ќе биде прекината или ќе се одлучи планот за обнова на флотата да се преполови, така што ќе се продолжи со изградбата на само еден носач. ти/сп/12:45
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк