Работилница за воздухопловна безбедност и перформанси; Виз ЕР за летови на релација Скопје-Лондон-Скопјe; МАТ ЕАРВЕЈС – Редовен авио превозник на Република Македонија за летната сезона 2011 година
Скопје, 16.02.2011
Работилница за воздухопловна безбедност и перформанси
Почитувани,
Агенцијата за цивилновоздухопловство, Ве информира дека од 1 до 3 Март, во соработка со Европската комисија ICAO ќе биде домаќин на работилница за воздухопловна безбедност и перформанси. Работилницата е дел од проектот за имплементација на ISIS програмата за имплементација на Единствено европско небо во Југоисточна Европа, поддржана од Европската Унија, која има за цел, заедно со воздупловните власти во регионот, да ги достигне највисоките стандарди во воздухопловната индустрија.
За регистрација и учество во работилницата сите заинтересирани лица може да се пријават на следната е-маил адреса: iindovska@www.caa.gov.mk
Виз ЕР за летови на релација Скопје-Лондон-Скопје
Почитувани,
Агенцијата за цивилно воздухопловство на 15 февруари 2011година ја предодобри компанијата Виз ЕР за летови на релација Скопје-Лондон-Скопје. Ваквата одлука на АЦВ е во насока на имплементација на Националната стратегија за развој на воздухопловството во Република Македонија, за привлекување на(low cost) нискобуџетни авиопревозници, со кои, после десетгодишен прекин, конечно ќе се воспостави директна и евтина авио врска со Лондон.
Со влегувањето на авиокомпанијата Виз ЕР на македонскиот авиопазар, пак се отвора можност за зајакнување на добрите туристички и бизнис релации меѓу двете земји.
МАТ ЕАРВЕЈС – Редовен авио превозник на Република Македонија за летната сезона 2011 година
Почитувани,
Агенцијата за цивилно воздухопловство на 14.02.2011 го дезигнираше МАТ ЕАРВЕЈС пред холандските воздухопловни власти како редовен авио превозник на Република Македонија за летната сезона 2011 година, во согласност со Спогодбата за редовен воздушен сообраќај потпишана меѓу Република Македонија и Кралството Холандија. Со оваа дезигнација МАТ ЕАРВЕЈС има право да оперира од Република Македонија до сите аеродорми во Холандија.
Со ова се очекува зголемена фреквенција и редовна директна линија помеѓу Скопје, Охрид и Амстердам што е собено важно за развој на туризмот, бизнис патувањата и посетата на роднините и пријателите а се во насока на јакнење на врските помеѓу двете пријателски држави и понатамошна интеграцијата на Република Македонија во Европската унија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 |