Скопје, 23.05.2011

 

Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Хрватска и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија

Потписниците признаа дека процесот на европска интеграција е главната движечка сила за развојот на воздушниот сообраќај и за менување на традиционалниот национален пристап кон една интегрирана европска перспектива.
Заедничка цел на потписниците е билатералната соработка во контекст на поширока регионална соработка во однос на новите предизвици и подобрувања воспоставени од страна на европските стандарди во секторот на цивилната авијација преку имплементацијата на договорот за Европската заедничка воздухопловна област.

Memorandum of Understanding Croatia