Скопје, 11.07.2011

 

Република Македонија
АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО
Кабинет на Директорот

Почитувани,

Со цел приближување на работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство кон граѓаните на Република Македонија, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство на младите со кое би можеле полесно да конкурираат на пазарот на трудот, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија овозможува волонтирање во рамките на Агенцијата за сите заинтересирани средношколци и студенти.

Волонтирањето за студенти ќе биде во периодот од 18.07.-15.09.2008 година, а за ученици – средношколци 18.07.2008 до 31.08.2008 година.

Напомнуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно Законот за волонтерство („Сл. весник на РМ“ бр. 85/07) ,

По завршување на волонтирањето Агенцијата не презема обврска за вработување на волонтерите во Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ.

Заинтересираните кандидати да достават писмо за интерес пропратено со фотокопија од индекс (за студенти) или ученичка книшка (за ученици средношколци), до:

Агенција за цивилно воздухопловство
Даме Груев бр.1
1000 Скопје
или на:
contact@www.caa.gov.mk

Рокот за пријавување е до 15.07.2011г.

Образование Број на студенти
Правен факултет 2
Економски факултет 2
Медицинскии факултет 2
Технички факултет 2
Студии за евроинтеграции 2