Скопје, 11.08.2011

 

Агенцијата за цивилно воздухопловство, започна со реализација на проектот за заштита на правата на патниците и издигнување на квалитетот на воздушниот транспорт во РМ, во согласност со европските стандарди.
Во таа насока, директорот на Агенцијата, д-р Дејан Мојсоски, вчера(10.08.2011год.) го отвори пултот на Аеродромот Алексанадар Велики, на кој патниците ќе можат да добијат соодветни информации за нивните патнички права од страна на обучени лица на АЦВ.

Деновиве, ист ваков пулт ќе биде отворен и на аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид.

На почитуваните патници, ќе им бидат делени промотивни флаери на македонски, англиски и албански јазик, со содржини на кои се испишани патничките права.Доколку, имаат потреба ќе добијат и формулари и упатство за пополнување на жалба во согласност со европската регулатива.

За директорот Мојсоски, отворањето на пултовите преставува чекор напред кон постигнување на европскиот стандард во воздушниот транспорт, за патниците кои пристигнуваат и заминуваат од македонските аееродроми.
-Остануваме доследни на заложбите за издигнување на заштитата на правата на патниците и подигање на квалитетот и ефикасноста на воздушниот сообраќај, изјави вчера Мојсоски.

Според него, покрај безбедноста во воздушниот сообраќај со имплементацијата на патничките права, ќе се зголеми ефикасноста, брзина и удобноста на патувачката јавност.

Дополнително зајакнување на активности на АЦВ на терен, како во делот на заштитата на патничките права, така и врз контролата на работењето на двата аеродроми и оперативното функционирање на авиокомпаниите, е и отворањето на центарот за координација на патничките права, кој ќе биде лоциран во новите простории на Аеродромот Александар Велики во Скопје.
Паралелно со оваа кампања, АЦВ во соработка со ТАВ работи и на имплементација на САФА програмата на ЕУ, и отвора канцеларија во која ќе биде обезбедена 24 часовна поддршка и присуство на надлежните инспектори на АЦВ на двата македонски аеродроми.

АЦВ воведе и дежурни офицери, кои 24 часа телефонски им се достапни, на патниците и авиокомпаниите, да добијат информации како за одобрeните летови, така и за заштитата на правата на патниците:

Ваквите активности на АЦВ, се исклучително во насока на подигнување на перформансите во македонскиот воздушниот транспорт.

Сите достигнувања на АЦВ, во делот на заштитата на правата на патниците и имплементацијата на САФА програмата, ќе бидат презентирани на европската конфернција, која треба да се одржи во октомври во Истанбул.