Скопје, 09.09.2011

 

Република Македонија ќе биде домаќин на Работната сесија за безбедносно управување со системи (SSP) како дел од EASA-IPA Проектот.

Работната сесија е планирана за периодот од 13 до 16 септември во историскиот и убавиот македонски град Охрид, на Охридското Eзеро.

На Сесијата ќе присуствуваат високи претставници од EASA, инструктори/предавачи од ICAO како и претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска.