60-ти специјален состанок на генералните директори на ECAC
Скопје, 12.09.2011
Од први до петти септември 2011г. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р. Дејан Мојсоски присуствуваше на 60-тиот специјален состанок на генералните директори на ECAC.
Состанокот беше организиран од страна на Италијанската воздухопловна власт–Ente Nazionale per l’AviazioneCivile. во Таормина, Италија.
На состанокот присуствуваа и г-дин Raymond Benjamin, генерален секретар на ICAO, г-дин Henrik Hololei, шеф на Кабинетот на заменик-претседателот Siim Kallas на Европската комисија, г-дин Patrick Goudou, извршен директор на EASA, г-дин David McMillan, генерален директор на Eurcontrol, високи претставници на ICAO и на ЈАА TO, и европските членови на Советот на ICAO, кои се осврнаа на голем број на прашања. Централен дел на состанокот беше стратешката дискусија за иднината на европската цивилна воздушна пловидба, во текот на која генералните директори донесоа голем број на стратешки насоки кои ќе помогнат во насочувањето и давањето на приоритет на напредувањето на активностите на ЕЦАЦ. Овие насоки пред сè ќе влијаат врз ажурирањето на работната програма на ECAC и тригодишниот буџет за 2013-2015.
Помеѓу важните прашања опфатени со овие стратешки дискусии беше и потребата за зголемување на флексибилноста на воздухопловниот сектор, како и обезбедување на континуитет на работењето при соочување со кризни ситуации, подобрување на способностите на националните цивилно воздухопловни власти преку промоција на иницијативите за обука, со што ќе се обезбеди дека и понатаму ќе има доволен број на обучени воздухопловни стручни лица, како ќе им се даде висок приоритет на иновациите и истражувањата за да се осигури дека Европската воздухопловна индустрија ја задржува својата конкурентност на меѓународните пазари. Во однос на управувањето со воздушниот сообраќај беше потврдено дека за потребните инвестиции во системот за зголемување на капацитетите ќе биде потребна политичка волја, без која придобивките добиени преку дерегулација на авионската индустрија можат да бидат загрозени.
Генералните директори ја признаа суштинската улога на ECAC во поддршка на нејзините земји-членки во спроведувањето на европските барања преку извршување на активностите за градење на капацитетите и на тој начин одржување на единството помеѓу земји-членки на ЕУ и земји кои не се членки на ЕУ, и во обезбедување форум за отворена дискусија на ниво на политики. Беше истакната и важноста на надворешните односи на активностите на ECAC, заедно со потребата во овој контекст организацијата суштински да се зајакне како орган кој ќе биде во можност да спои 44 европски земји и да се вклучи во други регионални организации и групи.
При дискусијата за тоа како може да се одржува конзистентен висок стандард за безбедност на пан-европска основа се стави акцент на податоците за споделување и на поголема транспарентност за безбедносната изведба, врз основа на почитување на принципот на „праведна култура“ и на развој и употреба на „цврстите“ безбедносни индикатори.
При стратешката дискусија во Таормина исто така беше направен и осврт на безбедноста во воздухопловството, како и потребата за поактивно вклучување на прашањата во врска со олеснувањето на патниците во изработката на безбедносните мерки. Во областа на животната средина поддршката на ECAC беше потврдена со ICAO Резолуција A37/19, во врска со намалување на емисијата на гасови – стаклена градина од страна на меѓународното воздухопловство, и земјите-членки се согласија преземат брзи и позитивни активности во оваа област, вклучувајќи и подготовка и доставување до ICAO на Државните акциони планови за таквите намалувања.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк