Скопје, 30.09.2011

 

Почитувани,

Ве информираме дека, Агенцијата за цивилно воздухопловство, денес (30.09.2011 година), го замени со траен, Сертификатот за исполнување на безбедносните услови на двата аеродроми во земјава, Александар Велики во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид.
По увидот во целосната документација и разгледувањето на сите безбедносни аспекти, инспекторскиот тим на Агенцијата за цивилно воздухопловство, констатираше дека двата аеродроми ги исполнуваат условите на Меѓународната воздухопловна организација (IKAO) односно анекс 14, од Конвенцијата за цивилно воздухопловство, како и законските и подзаконските акти за цивилно воздухопловство на Република Македонија.
Добрата соработка на АЦВ со операторот ТАВ Македонија, продолжува и преку проектот за заштита на правата на патници, кој се реализира на двата аердроми, за чија, пак практична имплементација, ТАВ Македонија, на АЦВ и отстапи две работни простории, како за проектот за заштита на правата на патниците, така и за SAFA програмата, односно за безбедносен надзор над странските воздухоплови.
АЦВ, како надлежна воздухопловна власт е во постојана комуникација и со Европската комисија и Европската агеција за воздухопловна безбедност на ЕУ, со кои во месец октомври, ќе склучи работни аранжмани, кои имаат за цел, да го издигнат квалитетот, безбедноста, како и ефикасноста на воздушниот транспорт во Република Македонија.

Служба за односи со јавноста при АЦВ