Скопје, 18.10.2011

 

За 50 проценти се зголемува бројот на авиокомпании кои ќе оперираат со новиот зимскиот ред на летање, споредено со истиот период лани. Имено, од 30 октомври до 25 март наредната година, од Скопскиот аеродром Александар Велики и охридскиот Св.Апостол Павле, ќе се реалиираат 90 летови неделно во редовен сообраќај, на повеќе европски дестинации.

Најголем раст има на летовите за трите италијански дестинации, Венеција, Рим и Анкона.За Рим двапати неделно ќе лета италијанската компанија Блу панорама ерлајнс, како нова компанија која за прв пат ќе оперира од и до македонските аеродроми. Покрај оваа компанија, за Италија и со зимскиот ред на летање, продолжуваат да летаат Виз ер и Бел ер Јуроп.
За Цирих, покрај, Едел вајс, ќе лета уште една компанија- швајцарската Бел ер ерлајнс АГ, дел од групацијата Ер Берлин.

На релација Истанбул – Скопје- Истанбул и Измир- Скопје-Измир, и зимскава сезона, останува редовно да оперира турската авио компанија Пегасус ерлајнс.
Дури за 20 проценти е зголемен бројот на патниците патниците на македонските аеродроми.

Според последниот извештај на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ), Охридскиот аеродром има најголем раст на патници во рангот на мали аеродроми, од 129 отсто во пик сезоната од јуни до септември годинава.