Скопје, 21.10.2011

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р. Дејан Мојсоски потпиша Меморандум за разбирање со Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Унгарија г. Мате Гергели, за административна билатерална примена на Спогодбата ЕЗВО.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, двете воздухопловни власти се заложија за примена на Спогодбата за европска заедничка воздухопловна област како и јакнење на соработката помеѓу двете земји со цел либерализација на воздушниот транспорт на релација Унгарија – Македонија.

Меморандум за разбирање Македонија – Унгарија