Скопје, 12.03.2012

 

Делегација од Агенцијата за цивилно воздухопловство предводена од директорот д-р Дејан Мојсоски, од 06 до 08 март 2012 присуствуваше на Годишната конференција за глобалната воздухопловна контрола на летање (ATC Global Exhibition and Conference), што се одржа во Амстердам. Ова е најголем светски настан на меѓународниот воздухопловен пазар кој ги собира заедно учесниците од целата индустрија за управување со воздушниот сообраќај, пообемен и посодржаен од било кога досега, со присуство од преку 5.400 професионалци и експрети од преку 120 земји. На настанот учествуваа и преку 200 водечки добавувачи на АТМ опрема, меѓународни воздухопловни организации како што се ICAO, Eurocontrol, EASA, SESAR JU, FABEC, Европската Комисија и други, а се одржаа голем број на работилници и семинари како и неколку нови интересни настани создавајќи многу вредни впечатоци за посетителите.

Во организација на ATC Global тимот, директорот д-р Дејан Мојсоски заедно со членовите на делегацијата на 06-ти март, беше поканет на “VIP Networking” вечера со елитата на АТМ индустријата, што се одржа во “Grand Elicium Ballroom” во Амстрдам РАИ. На гала вечерата, како специјален гостин на организаторот беше присутен меѓународно познатиот и славен астронаут Баз Олдрин. Директорот Мојсоски лично се запозна со светски познатиот космонаут, при што го запозна за состојбите со авиосообраќајот во земјава како и за неодамна потпишаниот меморандум за соработка со Соединетите Американски Држави.

Конференцијата, директорот Мојсоски исто така ја искористи за оставрување на повеќе билатерални средби со претставници на меѓународните организации за безбедност во авиосообраќајот, со претставници на АТМ индустријата, како и со многу други експерти и претставници на регулаторни тела од другите држави.

За повеќе види на: www.atcglobalhub.com/events  или www.buzzaldrin.com