Скопје, 21.03.2012

 

Во Сезоната Лето 2012, белгискиот авиопревозник TUI AIRLINES BELGIUM познат на пазарот како JETAIRFLY, ќе отпочне да врши редовен јавен воздушен превоз до и од Република Македонија. Впрочем со доаѓањето на овој авиопревозник за прв пат ќе се воспостави директна линија до и од Брисел што ќе претставува голема поволност за патувачката јавност. Имено, авиопревозникот ќе оперира два пати неделно и тоа на следниот начин:

  • Брисел-Охрид-Скопје-Брисел, секој вторник (ден 2) со ноќевање на Скопскиот Аеродром, во периодот од 15 мај до 18 септември 2012 година и
  • Брисел-Охрид-Скопје-Брисел, секоја недела (ден 7) со ноќевање на Скопскиот Аеродром, во периодот од 13 мај до 16 септември 2012 година.