Скопје, 17.05.2012

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство д-р Дејан Мојсоски и амбасадорката на Австралија во Белград, Хелен Студерт, денеска 16.05.2012 година, во хотелот Александар Палас во Скопје, потпишаа Меморандум за разбирање, со кој се утврдуваат аранжманите во меѓународниот воздушен транспорт на код шер – основа и други комерцијални договори меѓу двете земји.
– Меморандумот ќе помогне во развивањето на соработката меѓу двете држави во туризмот, економијата и инвестициите. Ова церемонијално потпишување е мал чекор, но потенцијалот што го создава е огромен, оцени амбасадорката Студерт.

Директорот на АЦВ појасни оти меморандумот е во согласност со насоките на ICAO за либерализација на воздушниот транспорт на глобално ниво. Создава можности за вклучување повеќе авиокомпании во транспортот на патници меѓу двете земји и отворање претставништва за продажба на авиобилети.

– Ова поврзување е во насока на јакнење на туризмот, како и ефикасно, економично и безбедно поврзување на Македонија со својата дијаспора и поврзаност со матичната држава на нашите иселеници, рече Мојсовски. Според него, АЦВ презема активности за воспоставување правна основа за влез на авиопревозници на македонскиот пазар со цел што поголемо поврзување на Македонија.

– Веќе следната недела ќе ја парафираме спогодбата за отворено небо со Сингапур, а работиме на воспоставување редовна линија со Дубаи. Ги преземаме сите мерки и активности да создадеме правна основа за да можат авиопревозниците кои се заинтересирани да влезат на нашиот пазар, а со цел да се инвестира во економскиот потенцијал на државата, наведе Мојсовски.
Во тек се преговори за спогодби за воздушен транспорт на Македонија со Египет, Индија и Кина.

Чинот на потпишување на Меморандумот, предизвика исклучителен интерес кај македонските медиуми.

 www.sitel.com.mk

 

www.mtv.com.mk

 

 

www.kanal5.com.mk

 

 

 

 Меморандум за соработка