16.11.2012

 

Воспоставувањето директна линија на релација Скопје – Дубаи, претставува чекор напред во доближувањето на Македонија како атрактивна дестинација за оперирање на авио компаниите до европски и светски туристички и бизнис центри. Агенцијата за цивилно воздухопловство, како регулатор на воздухопловниот систем во земјава, се стреми кон максимално достигнување на нашата единствена цел, што поголем број на авио фрекфенции од и до македонските аеродроми, квалитетно, сигурно, безбедно и евтино патување на македонските патници до нивната крајна дестинација, изјави директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски, во линковското јавување за Дневникот на МТВ од аеродромот Александар Велики, по повод реализацијата на првиот лет од Скопје за Дубаи.