15.02.2013

 

Две фреквенции кон Дубаи од „Флај Дубаи“ и оперирање до таму од „Виз – ер“, агенцијата за цивилно воздухопловство работи на реализација на барањата на компаниите.

На оваа дестинација би стартувале со летови во летниот период. Од агенцијата најавија и нови линии кон Канада, Бразил и Малта. 

Денеска ова регулаторно тело го доби ISO сертификатот за управување со квалитет. 
За директорот Мојсоски сертификатот претставува уште една потврда за долгогодишната заложба на агенцијата од македонското воздухопловство да направат современ европски систем на брз, ефикасен и безбеден авиотранспорт достапен за сите категории на граѓани.