05.03.2013

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д- р Дејан Мојсоски, на 13.02.2013 година, склучи Меморандум за разбирање со директорот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Малта г- дин Иан Фалзон.

Со ставањето потпис на овој Документ, двајцата директори ја отворија можноста за либерализација на воздушниот транспорт, која пак има за цел, да го поттикне развојот на туризмот, да ги отвори можностите за зголемување на бројот на нови рути и дестинации, како и да овозможи влез на нови авиокомпании кои ќе оперираат од и до двете држави, согласно принципите за влез на единствениот европски пазар.

Меморандумите за разбирање и соработка се во насока на глобалните трендови за поттикнување на воздушниот сообраќај и промоција на транспортот како генератор на нови вработувањ  и силен економски развој.

Генералната заложба, пак на воздухопловните власти на Македонија и Малта, е да дадат свој придонес во создавањето единствен воздушен европски пазар.

Со потпишувањето на овој Документ, двете земји ја отворија можноста за примена на административна примена на Спогодбата за основање на Европска заедничка воздухопловна област, која нуди, широка палета на поволности за авиопревозниците од двете земји, но и за целокупната патувачка јавност.

Меморандумот, обезбедува јакнење на слободната конкуренција кај авиопревозниците, но едновремено има за цел да го подигне квалитетот на услугите во воздушниот сообраќај, и да понуди  пониски цени за корисниците на воздушниот транспорт.

Потпишувањето на Меморандумите меѓу Република Македонија и Малта е поддржано од Европската Комисија, како институција задолжена за развој на воздушниот транспорт.