Шеста светска конференција за воздушен сообраќај
20.03.2013
Шеста светска конференција за воздушен сообраќај
Монтреал, 18 март 2013 година
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д – р Дејан Мојсоски, во својство на шеф на делегација на Република Македонија, акредитиран од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, односно од министерот г-дин Никола Попоски, присуствуваше на Симпозиумот на ICAO кој се одржа во рамките на Шестата светска конференција за воздушен сообраќај.
Оваа Конференција се одржува на секои десет година и е под покровителство на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).
Главната тема на конференцијата е либерализација на меѓународниот воздушен сообраќај, односно негова одржливост. Исто така, се разговараше и за подготовка на акционен план за глобална регулаторна рамка. Други области кои беа тема на оваа Конференција се соспственоста и контрола на авиопревозникот, пристап на пазарот, заштита на потрошувачите и оданочување.
На оваа Конференција, Европската унија и ECAC, каде е вклучена и Република Македонија, имаат заеднички пан – европски пристап и работните документи кои се поднесоа по европската координација се за поддршка за либерализацијата, слобода на пристап на пазарот, развој на регулаторната рамка на ЕУ и ECAC за индустријата и воведување на правата на патниците на меѓународно ниво.
Симпозимот го отворија г. Рејмонд Бенџамин, генералниот секретар на ICAO, г. Талеб Рифаи, генерален секретар на Светска организација за туризам и г. Метју Руете, генерален директор за мобилност и транспорт на Европската комисија.
Во рамките на Светската конференција, Република Македонија продолжи со иницијативите за склучување либерални спогодби за воздушен сообраќај, односно спогодби за отворено небо и Меморандуми за разбирање со либерален концеп во воздушниот сообраќај.
Овие спогодби за отворено небо и меморандуми создаваат правна рамка за промоција на меѓународен воздушен сообраќај врз основа на либерален концепт и конкуренцијата, а се со цел да ѝ се овозможи на патувачката јавност поголеми можности и избор на услуги, а во истовреме да се обезбеди највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај од сeкаков вид закани.
Воедно се во насока на политиката на ICAO, која ја промовира оваа конференција, за глобална економска либерализација на меѓународниот воздушен транспорт и неговиот развој на конкуренстка основа без никакви ограничувања за сообраќајните слободи, пристапот на пазорот, тарифите, фрекфенциите и капацитетот.
На конференцијата, исто така, се истакнаа добрите односи на Република Македонија со многу земји и се потенцираше дека со склучување на спогодбите и меморандумите ќе се придонесе за понатамошен развој на овие односи, и создавање на потенцијал за можни инвестиции во економиите, развој на туризмот, интерконинентална поврзаност и солидна конекција преку воздушниот сообраќај кој би влиаел на унапредувањето на севкупните односи меѓу двете земји и тоа на економски, научен и културен план, позитивни ефекти за работата на авиопревозниците како и поголеми можности за патувачката јавност на двете земји.
Република Македонија стана членка на оваа светска организација во рамките на ООН која брои 191 земји-членки на 9-ти јануари 1993 година со прифаќање на Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (Чикашката Конвенција) согласно Уставниот закон од 1991 година. Нејзина задача е, во соработка со земјите членки, да обезбеди меѓународното цивилно воздухопловство да се развива на сигурен, безбеден, редовен и ефикасен транспорт, почитувајќи го принципот на еднаквост и рамноправност на сите субјекти, учесници во воздушниот сообраќај.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк