Работна мисија за Имплементација на софтверски пакет SOFIA – EASA (Safety Oversight Facilitated Integrated Application)
25.03.2013
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA – European Aviation Safety Agency) случија мултилатерален договор за лиценцирање на неексклузивна основа за пристап, користење и промена за олеснување на безбедносниот надзор, преку воведување на веб – базирана апликација.
Врз основа на склучениот договор, во периодот од 19 до 21 март 2013 година во Агенцијата за цивилно воздухопловство се одржа првата средба помеѓу претставници од истата и тимот на претставници од Европската агенција за воздухопловна безбедност – EASA, во состав од:
г – дин Lynch Wendell, г – дин Carlos Tortosa и г – дин Luc Beaudion.
Целта на нивната посета на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, беше да се започне со работна мисија за имплементација на софтверскиот пакет SOFIA – EASA.
Претставниците на тимот на Европската агенција за воздухопловна безбедност – ЕАЅА, објаснија дека софтверскиот пакет SOFIA – EASA во суштина е апликација за база на податоци која е специјално развиена од нивна страна, како алатка за управување односно менаџирање на податоци и надзор и истата е користена од регионални организации за безбедносен надзор, обработка на потадоци и креирање на статистички извештаи. Софтверскиот пакет е веб – базирана апликација и истиот е наменет за помош на органзациите, со цел полесно управување на севкупните процеси за надзор на безбедноста и процедурите во сите аспекти и области на цивилното воздухопловство.
Со имплементација на овој софтверски пакет, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе овозможи полесно извршување на инспекторските задачи, побрз проток на информациите и позитивно ќе влијае врз нивното секојдневно извршување на работни задачи.
Во насока на успешна имплементација на овој софтверски пакет, освен почетната работна мисија планирани се 3 до 4 работни мисии до негово конечно пуштање во употреба. Крајниот рок за конечно имплементирање е дефиниран во договорот помеѓу Европската агенција за воздухопловна безбедност – EASA и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија како корисник.
На крајот од последниот ден од нивната посета претставниците на тимот на Европската агенција за воздухопловна безбедност – ЕАЅА, ги објаснија понатамошните чекори кои треба да ги превземе Агенцијата за цивилно воздухопловство за успешна имплементација на софтверскиот пакет SOFIA – EASA.
Имплементацијата на ваквиот пакет е во насока на стандардизација на Агенцијата за цивилно воздухопловство со Европската агенција за воздухопловна безбедност – ЕАЅА и стандардите во воздухопловството на Европската Унија.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк