АЦВ во посета на BHDCA
18.04.2013
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски кој е во посета на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Босна и Херцеговина во Бањалука, водеше разговори со нејзиниот генерален директор, г. Ѓорѓе Ратковица. На состанокот се разменија мислења за модалитетите на соработка, за размена на експерти, како и за искуствата на воздухопловните власти на двете земји.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски во оваа пригода ја нагласи добрата соработка со воздухопловната власт на Босна и Херцеговина и дека ваквите состаноци се одлична прилика за размена на искуства и за решавање на проблемите од оваа област кои се слични во сите земји на регионот.
Господин Ѓорѓе Ратковица, генералниот директор на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, исто така, нагласи дека соработката со колегите од Република Македонија е на високо ниво и дека ваквите состаноци се прилика постојната соработка да се конкретизира и унапреди. „Имаме многу добра соработка со сите земји од опкружувањето и често се среќаваме на разни меѓународни состаноци и форуми. На овој состанок ги разгледавме сите облици на нашата идна соработка, а пред сѐ можноста за размена на стручен, експертски персонал во сите функционални области на воздухопловството“, рече г. Ратковица.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк