03.10.2013

 

Во периодот од 23 септември до 2 октомври 2013 година, овластена делегација на Република Македонија предводена од шефот на делегацијата д-р Дејан Мојсоски, учествуваше на Триесет и осмата (38-та) седница на Заседанието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство ICAO. Ова Заседание по бројот на земји членки учесници, сто осумдесет и четири (184), достигна историски рекордна бројка досега.

На Заседанието Д-р Мојсоски активно учествуваше во изборот на 36 земји членки во Советот на ICAO како и во донесувањето на одлуки во однос на сигурноста, безбедноста, ефикасноста на воздушната пловидба, заштитата на човековата околина и економскиот развој, односно либерализацијата на воздушниот сообраќај.