Информација, Oтворање на горниот воздушен простор над Косово
03.04.2014
Почитувани,
Денешното отворање на горниот воздушен простор над Косово, ќе овозможи повеќе прелети за Македонија, зголемени приходи од над два милиони евра, како и пониски цени на авиобилетите.
Според проценките на директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски, деблокадата на горниот воздушен простор над Косово, што се случува по 15 години, ќе привлече повеќе авиокомпании со што ќе се зголеми конкуренцијата. Се очекува зголемување на прелетите за најмалку 20 отсто, односно до 50 отсто во екот на сезоната. За толкав процент треба да се зголемат и приходите.
Тоа, според првиот човек на АЦВ, ќе овозможи да се намалат цените во воздухопловниот транспорт и на цените на билетите за македонските патници што ќе ги плаќаат за патувања на европските и на светските дестинации бидејќи ќе се зголеми конкуренцијата меѓу авиокомпаниите – вели Мојсоски, кој ја истакна и важноста за дефрагментација на воздушниот простор во регионот и создавање најкуси и најфлексибилни авиорути.
Зголемениот буџет, смета Мојсоски, ќе се искористи за инвестиции во воздухопловниот сектор, како и за намалување на цените на услугите.
Контролата на летање на Македонија годишно во просек опслужува од 110.000 до 130.000 прелети на македонскиот воздушен простор. Проценките се дека со отворањето на косовското небо ќе има дополнителни 26.000 прелети.
Контролата на летањето на косовскиот воздушен простор од крајот на 2011 година и е доделена на унгарската воздухопловна навигација (Хунгаро контрол).
М-НАВ ќе помага со обезбедување радарска слика и комуникациските врски ќе им ги даде на користење на унгарските колеги.
Директорот на ЕУРОКОНТРОЛ Франк Бренер, смета дека, отворањето на воздушниот простор над Косово преку КФОР секторот е добар пример за годишна заштеда од 370 наутички милји, односно заштеда околу 24.000 тони гориво или 75.000 тони јаглерод диоксид. – Отворањето на воздушниот простор е одличен пример за соработка на цивилниот со воениот сектор и користење на истите рути, што не е вообичаен начин на функционирање, изјави Бренер.
Воздушниот простор над Косово беше затворен за прелети на цивилни авиони од 1999 година по бомбардирањето на Србија од страна на НАТО. Со тоа беше воведено ограничување за прелетувања на цивилни авиони на висина над 8.700 метри. За авиокомпаниите забраната значеше летање по подолги рути и со повисоки трошоци.
Служба за информирање на АЦВ
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк