05.03.2015

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, м-р Горан Јандреоски на 05.03.2015 година во Загреб, потпиша Меморандум за разбирање со директорот на хрватската Агенција за цивилно воздухопловство, господинот Омер Пита. Потпишувањето на документот претставува основа за унапредување на билатералната соработка меѓу воздухопловните власти од двете земји во сферата на воздухопловната сигурност и безбедност.

Со потпишувањето на овој Меморандум двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработката при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство и документацијата на истото. Тој ги покрива и областите во делот на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај, програмите за обука, испити и лиценцирање, операции поврзани со летање и аеродроми, пловидбеност и регистар како и сегментите поврзани со Националните надзорни власти и Службите за воздушна навигација.

Исто така Меморандумот има за цел преку размена на информации, искуства и логистичка поддршка да ја зацврсти сигурноста и безбедноста во цивилно воздухопловниот сектор, на начин што секоја од страните ќе игра важна улога при постигнување на заедничката цел.

Воедно,со овој Меморандум, се воспоставува и механизам за консултација, координација и соработка помеѓу македонските и хрватските воздухопловни власти.