12.09.2015

 

Расте потребата од обука на персоналот

Извор: Канал 5 [www.kanal5.com.mk]

Зголемениот број на летови како резултат на субвенциите и евтините авио билети ја наметнуваат потребата за обука на персоналот.

Од агенцијата за цивилно воздухопловство со најава дека во наредниот период ќе се одвиваат бројни обуки за персоналот во кои ќе бидат вклучени и колегите на нашите пилоти од регионот.

На оваа тема во вестите на Канал5 Борче Пауновски разговараше со директор на АЦВ, Горан Јандреоски.

– Можеме ли да одговориме на сите предизвици во авио сообраќајот?

„Имено агенцијата во својата основа на одговорност кон своите вработени се базира на континуирано образование. Континуираното образование подржано од сите институции во државата ни дава право да конкурираме на различни видови на програми“ – изјави Јандреоски