Директорот на АЦВ Јандреоски и Министерот за транспорт и врски Мисајловски во работна посета на ЕУРОКОНТРОЛ
02.10.2015
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски и министерот за транспорт и встки Владо Мисајловски, на (29.09.2015 г)во Брисел оддржаа работен состанок со генералниот директор на Евроконтрол, Франк Бренер.
На средбата се разговараше за реформите што ги презема Македонија за развој на цивилното воздухопловство, соопштија од Министерство за транспорт и врски.
Притоа се разговараше за зголемување на капацитетите на македонската навигација преку вклучување на М-НАВ во системот на централизирани услуги на Евроконтрол.
Министерот Мисајловски даде уверување дека Владата на Македонија ќе создаде правни услови се со цел на М-НАВ да и се овоможи да нуди услуги на други национални провајдери во име на Евроконтрол.
Исто така на средбата се отвори и прашањето во однос на барањето на М-НАВ, плаќањата за терминалните летови да се реализираат преку Евроконтрол. Министерот Мисајловски изрази уверување дека ќе се рагледаат сите барања и доколку постои правна можност ќе бидат инкорпорирани во Законот за воздухопловство.
„Имајќи предвид дека за прв пат министер за транспорт од Македонија е во посета на Евроконтрол, тоа ја покажува стратешката определба на ова европско тело во реализација на проекти од заеднички интерес. Сакам да нагласам дека на средбата директно отворивме неколку прашања што не засегаат и двете страни. Разговаравме за идејата М-НАВ да се вклучи во еден централизиран систем на услуги што ќе ги нуди во име на Евроконтрол и за тоа ние како Влада даваме целосна поддршка. Со тоа сметаме дека македонската навигација дополнително ќе ги зголеми своите капацитети и од аспект на финансиското работење и од аспект на продуцирање на нови кадри и услуги што ќе се нудат на останатите национални провајдери. Разговараме и идните инвестиции што ќе ги преземеме како Влада за развој на овој сектор“, изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.
На средбата беа презентирани досегашните проекти и реформи реализирани во цивилната авијација,велат оттаму, особено акцент се стави на инвестициите што се во фаза на реализиција како што е набавката на нов АТМ систем во вредност од околу 8 милиони евра, набаката на нова опрема за комуникација во вредност од 2 милиони евра, набавка на радарска опрема во вредност од околу 3, 7 милиони евра како и набавка на метео опрема за двата аеродорми во вредност од околу половина милион евра.
„Моментално имаме околу триесетина европски дестинации што се достапни за македонските граѓани. Исто така бројките покажуваат дека имаме зголемување на бројот на патници за 18 отсто или ја постигнавме бројката над 1 милион патници заклучно до август. Тоа не стимулира да продложиме и понатаму да спроведуваме реформи во овој сектор се со цел да понудиме квалитетен воздухопловен систем и што повеќе дестинации за граѓаните“, изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.
Директорот на Евроконтрол, Франк Бренер изрази задоволство за сите проекти што се реализираат во македонското воздухопловство и даде уверување дека ќе ги поддржи сите проекти што создаваат напредок и развој на цивилната авијација во Македонија.
„М-НАВ забележа одлични резултати преку зголемување за околу 25 отсто на сообраќајот меѓу 2013 и 2014 година и 9 отсто зголемување минатата година со отворање на воздушниот простор над Косово и тоа нас не радува. Во таа насока бараме поддршка М-НАВ да се вклучи во централизираните услуги на Евроконтрол, се надевам дека до крајот на годината ќе имаме конкретни резултати, изјави Фран Бренер, генерален директор на Евроконтрол,
„Агенцијата досега успешно ги менаџира процесите за развој на воздухопловниот сектор во Македонија. Имаме неколку отоврени набавки со кои ќе придонесеме кон зголемување на капацитетите на авиосообраќајот во Македонија“, изјави Горан Јандреовски, директор на АЦВ.
На средбата и двете страни се договорија дека целосно ќе работат на билатералната и регионалната соработка во спроведување на националните политики во воздухопловниот сектор.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |