Инспекторите во АЦВ со современо софверско решение, брзо, ефикасно и безбедно ќе вршат прибирање и обработка на податоците од терен
03.11.2015
Зголемена ефикасност во работењето, брзо, безбедно и лесно прилагодливо управување со податоци, во функција на поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, се само дел од придобивките на новиот систем за унапредување на контролата и инспекцискиот надзор на вработените во АЦВ, кој е во фаза на подготовка и наскоро треба да биде имплементиран во соработка со ДУНА компјутери.
Системот ULTIMA® CRM, преставува унифициран и интероперабилен систем, прилагоден на потребите на АЦВ, во функција на прибирање и користење на хетерогените податоци на инспекторите од терен и подредување во „Листи за проверка“.Новото софтверско решение, ќе ги обработува, собира и менаџира податоците во дефинирани извештаи, ќе нуди различни типови на визуелизација на податоците во вид на дијаграми, прикажување на мапа, графици, табели и слично, во согласност со надлежноста на инспекторскиот, раководниот и менаџерскиот тим во АЦВ.
Новиот високо софистициран електронски систем на управување со податоците, ќе го зголеми нивото на ефикасност во работењето на АЦВ, но едновремено и ќе овозможи брзина и квалитет во услугите кои им ги нуди на своите ценети клиенти од воздухопловната индустрија.
Мониторирањето на задоволството на клиентот од извршените проверки од страна на инспекторот ќе се реализира преку иновативен, напреден и автоматизиран систем ULTIMA® Customer Relationship Management (CRM), исто така развиен од Дуна Компјутери, водечка македонска IT компанија која што обезбедува целосни решенија за интеграција и одржување на компаниите.. Пакетот ULTIMA® е препознатливо ERP решение на македонскиот и регионалниот пазар кое што содржи интелигентни софтверски алатки кои ги спојуваат сите бизнис функции и процеси во еден систем и овозможуваат поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата.
15 те IPAD, на кои ќе биде инсталирано софтверското решение изготвено од ДУНА комјутери, како и 18 комјутери со најнов тип на процесори, се донација за АЦВ, од Турската интернационална Агенција за соработка и развој (ТИКА).
Донацијата на новата кокјутерска опрема за македонскиот регулатор, е во функција на брзо, безбедно и ефикасно реалзирање на активностите инспекциските надзори, како и на останатиот персонал во АЦВ.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк