Известување: Постапка за утврдување на Листа на воздухопловни стручњаци за 2016 година
28.12.2015
Почитувани,
Ве известуваме дека согласно член 137 од Законот за воздухопловство, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе спроведе постапка за утврдување на листата на воздухопловни стручњаци за 2016 година. Ве молиме за истото на соодветен начин да ги информирате вашите членови/вработени.
Критериумите за исполнување на условите за впишување во листата на воздухопловни стручњаци се утврдени со Правилникот за критериумите за овластување на лица за испитувачи во листата на воздухопловни стручњаци („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 44/2007).
Потребно е заинтересираните лица кои ги исполнуваат потребните услови да достават апликација/барање за впишување во листата на воздухопловни стручњаци за 2016 година, најдоцна со 15.01.2016 година на адреса:
Агенција за цивилно воздухопловство
Ул.Даме Груев бр.1
1000 Скопје
Апликациите можат да бидат доставени и по електронски пат на e-mail: pel@www.caa.gov.mk
Кандидатите за испитувачи за пилоти на авиони/хеликоптери потребно е да ги исполнат условите од правилникот JAR FCL 1/2 и да пополнат образец ЛС-1. Кандидатите за испитувачи за пилоти кои не се опфатени со JAR FCL 1/2, како и кандидатите за испитувачи за останатиот воздухопловен стручен персонал го пополнуваат образецот ЛС-2.
Наведените обрасци ќе бидат достапни на официјалната web страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство: во делот безбедност, лиценцирање: Известување: Постапка за утврдување на листа на воздухопловни стручњаци за 2016 година.
За дополнителни информации во врска со наведената постапка обратете се до Одделението за лиценцирање на телефон 02 3181 640 или на e-mail: pel@www.caa.gov.mk
Известување за листа на воздухопловни стручњаци за 2016 година
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк