Г ѓа Маја Иванова на прослава на јубилеј на ИКАО
11.07.2016
Агенцијата за цивилно воздухопловство претставувана од Маја Иванова, Координатор на кабинетот на Директорот на АЦВ, присуствуваше на одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на европската и северноатланската канцеларија на ИКАО, со седиште во Париз.
На чествувањето на овој значаен Јубилеј за меѓународното цивилно воздухопловство, присуствуваа регионалниот директор на Европската и северноатланската канцеларија на ИKАО – International Civil Aviation Organisation, г дин Луис Фонсека де Алмеида, Генералниот секретар на ИКАО, г ѓа Фанг Лиу, претседателот на Советот на ИКАО, г дин Олимујиа Бенард Алиу, како и голем број други високи преставници на европската и светска воздухопловна индустрија.
ИКАО, како Меѓународна организација за цивилно воздухопловство на Обединетите нации, во која членуваат 190 земји, е формирана за време на Чикашката конференција за цивилно воздухопловство на 7 декември 1944 година во Чикаго.
Македонија пак како држава, стана членка на организацијата, на 3 јануари, 1993 година, со прифаќање на Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (Чикашка Конвенција) согласно Уставниот закон од 1991 година.
Седиштето на ИКАО, чија основна задача е обезбедување сигурно, безбедно, редовно и ефикасно меѓународно цивилно воздухопловство, темелено врз принципот на еднаквост и рамноправност на сите чинители во воздушниот сообраќај, е во Монтреал, Канада.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк