12.07.2016

 

 

“Добре дојдовте во Република Македонија” и “ Возете безбедно на македонските патишта”, им порачаа на странските патниците кои вчера слетаа на скопскиот аеродром Александар Велики во Скопје, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Стојче Стаменковски, и им поделија флаери на англиски јазик, во духот на сообраќајно едукативната кампања, која започна денеска и ќе трае во наредните три месеци на двете воздушни пристаништа во Скопје и во Охрид.

Покрај добредојде, Стаменковски и Јандреоски, на странските патници уште еднаш им укажаа, дека нивното одговорно вклучување во сообраќајот и квалитетна информираност за најважните сообраќајни правила кои треба да ги почитуваат во земјава, ќе значи нивно, но и на сите учесници во сообраќајот,  брзо, ефикасно и сигурно стигнување до посакуваната дестинација.

Сообраќајно едукативната кампања се реализира во соработка на РСБС и АЦВ, поддржана од МВР, а во истата ќе се вклучат и Агенциите за изнајмување моторни возила во земјава.