31.01.2018

 

Во духот на континуираната успешната соработка која во изминативе години ја бележат воздухопловните власти од регионот, денеска во Скопје (31.01.2018 година), се одржа работен состанок на директорите на агенциите за цивилно воздухопловство,  на Република Македонија, Република Србија и Црна Гора, Горан Јандреоски, Мирјана Чизмаров и Драган Ѓуровиќ.

Размената на искуства и знаења од регионален интерес, во изминативе години, резултираа со низа на потпишани Меморандуми за соработка, конципирани низ повеќе сфери на цивилното воздухопловство.

Првите луѓе на регулаторните тела за цивилно воздухопловство, на Република Македонија, Република Србија и Црна Гора, на денешната работна средба, уште еднаш ги потврдија стратешките придобивки од регионалната соработка на воздухопловните власти, во сферата на безбедноста и сигурноста во воздушниот сообраќај, но и во делот на правата на патниците, како врвни приоритети во креирањето европски профилиран воздушен транспорт на задоволство на воздухопловната индустрија, но и на патувачката јавност.

Тројцата директори, се заложија и за, продлабочување на понатамошната соработка, низ размена на позитивните искуства кои ги имаат земјите, при процесот на исполнување на ИКАО стандардите и другите европски правила и критериуми.

Регионалниот состанок на генералните директори на регулаторните тела за цивилно воздухопловство во Скопје, уште еднаш ги потврди, серијата предизвици и можности со кои се соочува регионот во областа на цивилното воздухопловство, но и го истакна духот на добрата волја и заедничките интереси. како предуслови за ефикасно извршување на обврските кои произлегуваат од нивните законски утврдени надлежности.

ЛИНК ДО ГАЛЕРИЈА