Потпишан Меморандум за заемно разбирање меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација
13.02.2018
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација во Москва, потпишаа Меморандум за заемно разбирање, во повеќе сфери на цивилното воздухопловство.
Имено, земјите потписнички на Договорот, во рамките на своите надлежност, се заложија, да вложат напори за проширување на соработката, во делот на обуката на воздухопловниот персонал, превозот на патници и стоки, безбедноста на летовите, воздухопловната безбедност, аеродромското работење, одржувањето на техничката способност на воздухоплови, како и при сервисирање на воздухопловниот сообраќај.
Воздухопловните власти на Македонија и Руската Федерација, се обврзаа, по потреба да организираат работни средби, на кои би се разгледувале практични прашања поврзани со реализирањето на одредбите од овој Меморандум, но и да реализираат размена на искуства и информации за секоја од наведните области.
Во духот на соработката меѓу двете воздухопловни власти, високата делегација од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, го посети и Центарот за воздухопловство во Москва, каде имаше можност да се запознае со функционирањето, капацитетите и можностите со кои располага истиот.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк