АЦВ изготви и усвои Стратегија за сајбер безбедност во цивилното воздухопловство
12.03.2018
Во духот на современите безбедносни предизвици со кои се соочува глобалниот воздухопловен систем, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, како регулатор на цивилниот воздушен транспорт во земјава, изготви и усвои Стратегија за сајбер безбедност во цивилното воздухопловство, како суштински приоритет за заштита од новите закани и ризици по сајбер-просторот и унапредување на неговата безбедност.
Под сајбер заштитата на цивилното воздухопловство во Р. Македонија е вклучен воздушниот простор над Р. Македонија, навигациските објекти, опремата, услугите, аеродромите и воздухопловите.
Имајќи ја во предвид, сериозноста и потребата, од сајбер-одбрана, како компатибилен дел од целокупната сајбер-безбедност, Агецијата за цивилно воздухопловство, се заложи за изготвување и усвојување на Стратегија, во која се сконцентрирани стандардите за сајбер безбедност во воздухопловството, мерките и активности за воспоставување на сајбер безбедносна култура, подигнување на свесноста за закани кај сите чинители во воздухопловниот сектор и пошироко, но ги дефинира, и начините и инструментите за обезбедување брз одговор при постоење на инцидент.
Стратегијата за сајбер безбедност, во својата содржина јасно ја дефинира и улогата на Агенцијата за цивилно воздухопловство и инспекцијата во поглед на сајбер безбедноста и ефективното управување со процедурите за сајбер безбедност кај субјектите во цивилното воздухопловство, но ќе генерира и правилници и конкретни сет на мерки кои треба да ги преземат останатите субјекти, усогласени со практиките на ECAC, ICAO и EC.
За да се постигне висок степен на доверба во безбедноста во цивилното воздухопловство во земјава, потребен е високиот степен на соработка меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и останатите чинители од воздухопловната индустријата, како и подготвеност, проактивно да одговорат на заканите во воздухопловството и да ја зајакнат отпорноста на сопствените системи од сајбер нападите.
Агенцијата за цивилно воздухопловство своето стекнатото знаење од областа на сајбер безбедноста, во престојниов период ќе го споподели со останатите субјекти во цивилното воздухопловство.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк