01.06.2018

 

Денеска во Лисабон, заврши тридневната Конференција на Европскиот и северо-Атлантскиот регион (EUR/NAT) за „Решавање на заедничките предизвици, преку спроведување на Планот на ICAO за глобалното воздухопловно обезбедување (GASeP)“, на која учество зема и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Горан Јандреоски.

На конференцијата, на која учество земаа земјите членки на Европскиот и северо-Атлантскиот регион, меѓународните, регионалните организации и индустријата, ја усвоија, стратегијата, која придонесува земјите и другите заинтересирани страни во регионот на EUR/NAT и надвор од него да го спроведат проектот за “Решавање на заедничките предизвици, преку спроведување на Планот на ICAO за глобалното воздухопловно обезбедување.

Учесниците на конференцијаа, меѓудругото, уште еднаш ја потврдија и потребата за подобрување на ефикасното спроведување на стандардите и препорачаните практики на ICAO кои се однесуваат на воздухопловното обезбедување, со цел решавање на прашањата за глобалното воздухопловно обезбедување од една регионална перспектива.

При имплементацијата на овие препорачни практики, регионалните структури, организации, заинтересираните страни и иницијативи, треба да го земат во предвид ICAO регионалното знаење и искуство, за одржливи, прописно координирани и усогласени активности за изградба на капацитет, со цел да не се пропушти ниедна земја.