На покана на АЦВ, се одржа неформален работен состанок на поранешните и актуелните директори на АЦВ, поранешното аеродромско претпријатие, М НАВ и ТАВ Македонија.
06.07.2018
По повод одбележувањето на двата големи јубилеи, 25 години членство во ICAO и 20 години членство на Агенцијата за цивилно воздухопловство во ECTRL, денеска, во Агенцијата за цивилно воздухопловство, се одржа неформален работен состанок на поранешните и актуелните директори на АЦВ, поранешното аеродромско претпријатие, М НАВ и ТАВ Македонија.
Заблагодарувајќи им се на честа која и ја укажаа на Агенцијата со своето присуство во одбележувањето на овие значајни настани за македонското цивилно воздухопловство, директорот на АЦВ, Горан Јандреоски, на присутните им посочи, дека од исклучително значење за него лично и за Агенцијата е и нивниот придонес во поставувањето на темелите и градењето на капацитетите на АЦВ, која низ годините, ја менуваше својата структурна форма, но суштината остана иста, формирање на современо респектибилно независно регулаторно тело надлежно за регулација и унапредување на цивилното воздухопловство во земјава, какво што во моментов е АЦВ.
-Како Генерален директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, ми преставува чест и задоволство заедно со Вас, да ги споделам и севкупните успеси и достигнувања кои во последните четири години и донесоа високи признанија и одликувања на компанијата, од нашите меѓународни партнери за цивилно воздухопловство.
Ве уверувам дека, АЦВ, беше и останува доследна на својата мисија и визија, со квалитетни проекти, одлуки и решенија, македонското цивилно воздухопловство да го интегрираме во високо профилираното европско семејство за воздушен транспорт, порача Јандреоски.
На свеченоста, на поранешните и актуелните директори од воздухопловната индустрија во земјава, им беа врачени Благодарници за нивниот придонес во поставувањето на темелите и градењето на капацитетите на АЦВ, како и пригоден подарок, кој го симболизира воздухопловството како исклучително значаен сектор во развојот на современите европски ориентирани цивилизирани општетства.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк