Средба на директорот Тунтев со г-ѓа Арикан, директорката на Туркиш Ерлајнс во Македонија
22.01.2019
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, вчера оствари работна средба со г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, Генерален директор на Туркиш Ерлајнс во Македонија.
На состанокот, Тунтев ја истакната подготвеноста и детерминираноста на националните цивилни воздухопловни власти за интензивирање на меѓусебната соработка со сите сегменти во воздухопловниот транспортен систем во државата, меѓу кои значајно место заземаат редовните воздушни превозници. Едновремено, директорот Тунтев ја потенцираше и улогата на АЦВ во процесите на континуирано подигнување на нивото на безбедноста на воздушниот сообраќај и унапредување на националниот воздухопловен транспортен систем.
Директорката Арикан го информира директорот Тунтев за актуелните активностите и достигнувања на турскиот национален воздушен превозник во авиобизнисот, за оперативните предизвици со отворањето на новиот аеродром во Истамбул, како и за идните развојни планови на компанијата.
Арикан и Тунтев, взаемно изразија задоволството од позицијата на Туркиш Ерлајнс, кој моментално оперира од скопскиот аеродром со два лета дневно за Истамбул, и со тоа практично, се вбројува во листата на најзначајни партнери во сферата на авиоиндустријата во Македонија.
Соговорниците, меѓу другото, се осврнаа на можностите за продлабочување на соработката со релевантните институции во областа на развојот на туризмот, на заедничките заложби за создавање на оптимални технички и оперативни услови за континуиран пораст на бројот на операциите на воздухоплови, како и за идните можности за континуирано зголемување, унапредување и развој на воздухопловните транспортни капацитети.
Првите луѓе од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од Туркиш Ерлајнс во Македонија изразија целосна подготвеност за интензивирање на меѓусебната комуникација во насока на заедничко олеснување и поддршка на развојот на одредени функционални елементи во глобалниот транспортен систем, како и споделување на позитивни искуства и применети практики во сферата на нивниот понатамошен развој.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк