Средба на менаџментот на Агенцијата за цивилно воздухопловство со раководството на Воздухопловната федерација
06.02.2019
Во рамки на редовните средби со чинителите во националниот воздушен сообраќајно – транспортен систем, директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев, и раководителот на Секторот за безбедност во воздушниот сообраќај и воздухопловна навигација во АЦВ, Драги Стојаноски, вчера остварија работна средба со г-дин Владимир Баракоски, претседател, и г-ѓа Биљана Еверетте, генерален секретар, од Воздухопловната федерација на Македонија.
На средбата беше истакната взаемната подготвеност и детерминираност за интензивирање на меѓусебната соработка на АЦВ и ВФМ во сферата на развојот на спортските воздухопловни активности во Македонија. Беше потенцирана улогата и заложбите на АЦВ во процесите на континуирано подигнување на нивото на безбедноста на воздушниот сообраќај и унапредување на воздухопловството во државата.
Гостите од ВФМ информираа за сите актуелни активности и достигнувања на домашните аероклубови, за проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат аероклубовите, спортските пилоти и вљубениците во слободното летање, како и за претстојните активности во рамки на годишната програма за учество и организација на меѓународни воздухопловни манифестации.
Соговорниците, меѓу другото, се осврнаа на можностите за продлабочување на соработката со релевантните институции во областа на развојот на спортот и туризмот, на заедничките заложби за создавање на оптимални технички и оперативни услови за континуиран пораст на обемот на спортските воздухопловни активности и специјализираните услуги во авијацијата, како и за идните можности за соработка на полето на промоција и популаризација на слободното летање. Заеднички беше констатирана неопходната потреба од меѓусебна взаемна соработка за целосна имплементација и доследно почитување на сите национални и меѓународни стандарди, препораки и позитивни практики од сферата на воздухопловството и безбедноста на воздушната пловидба. Притоа, акцент беше ставен врз потребата за реализација на соодветни стручни обуки, јавни дебати, промотивни кампањи и оперативни брифинзи, за интензивиран и непречен развој на параглајдерството, змејарството, моделарството, падобранството, беспилотното летање, летањето со балони и сите други форми и видови на слободно летање и воздухопловни спортски активности.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк